Ortodoncija.mk | Copyright © 2019 KDdesign


Ортодонција за СИТЕ ВОЗРАСТИ


ЛИНГВАЛНИ (ВНАТРЕШНИ) ПРОТЕЗИ

НИЕ КРЕИРАМЕ УБАВИ НАСМЕВКИ

Below you will find the CSS for disabling animations on tablet/mobile, enable animation delay on desktop, IE fixes

01
за нас
Специјалистичката ординација по ортодонција “ТАНАТАРЕЦ“ функционира како центар за современа ортодонција и лицева естетика и нуди најширок асортиман на ортодонтски услуги за исправување на забите, коригирање на односот на вилиците и неправилните орални функции… Повеќе
02
Нашата предност
Покрај стандардните типови на метални и керамички протези, ексклузивно, во ординација “ТАНАТАРЕЦ“ е возможно исправување на забите со најестетски, најсовремени и брзи решенија од типот:
Six Month Smiles

Six Month Smiles е револуционерна комбинација на современа ортодонтска техника, естетски сет на сафирни брекети, бели лакови и иновативни методи кои резултираат со нежно и правилно поместување на забите во посакуваната положба со времетраење на терапијата од само 6-9 месеци! Погодни се за пациенти од сите возрасти.
Лингвални протези

Лингвалните (невидливи) протези се лепат на внатрешната страна на забите. Таа е единствена техника за со потполно невидлив пристап да се постигне правилна корекција на кривите заби. Погодни се за пациенти од сите возрасти, а посебно идеални се за оние кои не сакаат да имаат видлива фиксна протеза.
Проѕирни исправувачи

Овој систем се состои од серија проѕирни исправувачи – наречени aligners – кои се создадени преку компјутерска симулација за постепено да ги поместуваат Вашите заби. Техниката на исправување со проѕирни исправувачи претставува најнова технологија во ортодонцијата за брзо и скоро невидливо исправување на забите, без брекети и без жици.
Холивудско исправување
03
Ортодонт

спец. д-р Иван Танатарец лиценциран ортодонт
Д-р Танатарец е еден од ретките ортодонти во државата кој ги има совладано сите ортодонтски техники и активно ги применува во својата пракса. Тој е целосно посветен на дизајнот, конструкцијата и припремата на апаратите во сите фази, од техника до клиничка пракса - што го прави комплетен ортодонт. Six Month Smile системот, за прв пат го воведува во нашата земја. Веќе неколку години активно работи како ортодонт во Македонија и како визитинг ортодонт во соседните држави. Активно зборува англиски, српско-хрватски и бугарски....Повеќе
0
+
Поставени протези
0
+
Задоволни пациенти
0
+
Позитивни реакции
0
+
Исправени насмевки
04
Зошто да не изберете нас?
Кај нас пристапот на работа е базиран на современата ортодонција како уметност за креирање на здрави, убави и доживотни насмевки!

Современа
Ортодонција
Ортодонција
Примена на современа ортодонција со најнови, најсигурни и најбезболни техники на работа кои модерната ортодонција ги нуди.

Искусен
Ортодонт
Ортодонт
Д-р ТАНАТАРЕЦ е еден од ретките ортодонти во државата кој ги има совладано сите ортодонтски техники и активно ги применува во својата пракса

Висока
Ефикасност
Ефикасност
Висока ефикасност на терапијата. Наш примарен фокус се широки насмевки кои ќе траат засекогаш со перфектно исправени заби. Типот на протезата ќе биде прилагоден според расположливиот буџет на пациентите и животните потреби.

Комплетна
Ортодонција
Ортодонција
Д-р ТАНАТАРЕЦ е целосно е посветен на дизајнот, конструкцијата и припремата на апаратите во сите фази, од техника до клиничка пракса – што го прави комплетен ортодонт.

Најнова Технологија
и Опрема
и Опрема
Имплементација на најнова технологија и опрема. Употреба на најсовремен мекоткивен Sirona ласер кој нуди ласерски третман на гингивата, ресичката на усните, експозиција на импактирани (скриени) заби, како и ласерско белеење на забите.

Хигиенска
Контрола
Контрола
Високи стандарди на хигиенска контрола – Ние сме бескомпромисни кога станува збор за квалитетот на нашата стерилизација и хигиенските услови. Користиме најсовремена опрема за стерилизација се со цел пациентите да бидат максимално заштитени.
05
Препораки
Секогаш се стремиме кон добивање на признанија од нашите пациенти.
Сакајќи невидливо ортодонтско решение се oдлучив да закажам консултативен преглед во специјалистичката ординација “ТАНАТАРЕЦ”. По закажаниот преглед и дадената соодветна консултација за решението на мојата аномалија, се одлучив за поставување на лингвални протези. За само неколку месеци имав видливи резултати. Супер. Стекнав одличен впечаток за д-р Танатарец и неговиот тим, бидејќи работат исклучително професионално.
Krenar Drala
Прекрасна ординација со неверојатен професионализам. Секој пациент го добива потребното внимание. Ја препорачувам ординацијата на секој што сака квалитет.
Teodora Boseovska
Во специјалистичката ординација по ортодонција Д-Р ТАНАТАРЕЦ, пациентот е секогаш на првото место.
Natali Garabiljevikj
Ви благодарам за се! Пред моето доаѓање во вашата ординација јас бев застрамена од мојата насмевка. А сега … Фиксните протези ми го променија животот и поради тоа јас секогаш ќе го паметам вашиот професионализам и топлото добредојде.
Lindita Akifovska
Поради професијата која што ја работам, важно ми е постојано да имам доктор кој ќе се грижи за моите заби. Поради тоа, од лично искуство, на сите им го препорачувам д-р Танатарец и неговиот тим.
Biljana Lukikj
Д-р Танатарец работеше 6 месеци на моите проблематични заби. Голема благодарност до него. Тој е многу нежен и внимателен. Неговата ординација е ултра модерна. Топло ви го препорачувам.
Ivana Lichoska
Веќе две години сум пациентка на д-р Танатарец. Тој е најдобар! Одлични раце и широко познавање во грижата за моите заби. Сега носам сафирни невидливи протези за да ги исправам забите Ја препорачувам неговата услуга со 5 ѕвезди. Неговата стоматолошка асистентка е многу учтива и професионална.
Kristina Markovska
Како родител сум презадоволна од резултатите на ортодонтската терапија со Damon системот кој го користеа моите две деца. Пофалби за стручноста и професионалноста.
Marija Uzunovska
И покрај сложеноста на проблемот со случајот на моето дете, кој не се однесуваше само на забите туку и на положбата на вилиците, крајот на терапијата резултираше со воодушевувачки резултати. Од самиот почеток на терапијата имавме потполна доверба во докторот. Кога денес го гледаме нашето дете, помислуваме што ќе се случеше доколку не започнеше со терапијата на време, бидејќи единствена опција ќе беше операција на вилицата. Ние сме повеќе од задоволни.
Mirjana Kavalinovski
Посетив многу ортодонтски клиники пред да закажам консултативен преглед кај вас. На крај пронајдов ординација која на едно место нуди: професионалност, знаење и посветеност за пациентот. Услугата е феноменална. За секоја пофалба.
Sanja Jovchevska
06
Контакт
Ние ги разбираме Вашите потреби.