Damon протези

Лошата положба и искривеноста на забите се одразува со лош ефект на усните, мускулите на лицето како и на целокупниот изглед на лицето. И покрај користењето на најсовремените типови на протези понекогаш знаат да се појават негативни последици како лошо одржување на оралната хигиена, ресорпција на корените на забите, проблеми со зглобот итн. Поради сето ова се наметнува потребата за користење на Damon системот за исправување на забите. Damon системот е препорака и избор од нашата ординација. Без разлика дали е потребно исправување на забите кај деца или возрасни, Damon системот е најдобар избор за исправување на вашите заби.

Зошто да се одлучите за Damon протези ?

Фиксните протези на Damon системот на прв поглед може да изгледаат како само уште еден тип на класични протези бидејќи исто така вклучуваат брекети, меѓутоа, за разлика од класичните протези кај кои се поставуваат еластични гумички – лигатури околу брекетите за држење на жичениот лак во слотот на брекетите, кај Damon системот се користат самолигирачки брекети. Кај овој тип на протези еластичните лигатури се непотребни бидејќи самолигирачките брекети за таа намена имаат свој клип за отварање и затворање.

Кај класичните протези жичениот лак е активно лигиран за брекетот со еластични гумички што резултира со триење и генерирање на голема сила која неповолно влијае врз забите кои се цел на придвижување. Додека кај Damon системот начинот на лигирање на жичениот лак за брекетот е со едноставно затворање на клипот што овозможува тој слободно, пасивно да делува генерирајќи благи биолошки сили. Тоа всушност e и најважната одлика на Damon системот.

Биолошките сили се благи, континуирани и делуваат на исправување на забите во правилна положба. Овие сили се слични на силите кои ги продуцираат мускулите на лицето, додека кај класичниот тип на протези поради користење на еластични лигатури брекетите произведуваат јак и поагресивен притисок кој може да има негативен ефект на забите. Damon системот нуди низа на предности во однос на класичните типови на протези.

Предности на Damon системот во однос на класичните протези за исправување на забите:

  • Со примена на Damon системот многу случаеви може да се решат БЕЗ ВАДЕЊЕ НА ЗАБИ.
  • Користење на високо-технолошки лакови кои ги поместуваат забите континуирано и за побрз временски период. Со тоа се намалyва потребата за доаѓање на редовни месечни контроли, односно контролите со овој систем можат да се изведуваат поретко во распон од 2-4 месеци. Тоа претставува одлична прилика за пациентите кои живеат во странство.
  • Широките жичени лакови кои се дел од системот овозможуваат добивање на природни широки насмевки со што се добива дополнителен простор за сместување на сите заби.
  • Во текот на терапијата не се користат дополнителни апарати за ширење на непцето. За тоа заслужни се благите биолошки сили кои се доволно ефикасни и стимулативни за да се создаде нова коска и да се доведат сите заби на правилно место во идеална положба.
  • Терапијата со Damon системот трае околу 6 месеци пократко за разлика од класичната терапија. Тоа подразбира помалку контроли и убава насмевка за пократко време.
  • Со овој систем се постигнува поголемо поместување на забите и тој процес воопшто не е болен ниту непријатен. Постојат две причини за тоа: прво биолошките сили се искучително благи и континуирани, второ со користењето на поблаги сили во текот на терапијата забите побрзо и поефективно се движат, бидејќи дел од силите на се трошат на триење како што тоа е случај кај класичните протези.
  • Пасивното самолигирање ја елиминира потребата за еластични или метални лигатури.
  • Со овој тип на протеза значително се олеснува одржувањето на оралната хигиена, што значи повисок степен на хигиена, бидејќи кај нив отсуствуваат еластичните лигатури на кои се лепат вишоците на храна и се акумулира дентален плак.
  • Постои и модел на Damon ПРОВИДНИ керамички протези каде што предните брекети се прозрачни и потполно невидливи.
  • Овој систем овозможува нов докажан пристап на исправување на забите и менување на лицето - максимална естетика со минимална непријатност.

Пасивното самолигирање елиминира примена на еластични или метални лигатури и дозволува брекетот слободно да се движи. Со тоа се намалува фрикцијата – триењето и се овозможува забите полесно, побрзо и покомфорно да се движат.

Другите типови на брекети користат еластични лигатури кои го прицврстуваат лакот во внатрешниот дел на брекетите. На тој начин се создава фрикција – триење и се одолговлекува процесот и времето на терапија.