Лингвален лак

Лингвалниот лак се користи како рана ортодонтска терапија во мешовитата дентиција за да се сочува или да се добие дополнителен просторот за сталните заби кои треба да изникнат во долниот забен низ. Апаратот се поставува на внатрешната (јазична) страна на долните заби. Долните млечни молари се поголеми од сталните премолари кои ги заменуваат. Лингвалниот лак може да помогне тој поголем простор да се сочува и искористи на најдобар можен начин за сместување на сите трајни заби.
Лингвалниот лак се состои од ортодонтски прстени кои се цементираат на долните први молари и жичен лак кој пасивно ги допира внатрешните лингвални површини на долните заби. Не е потребно посебно одржување на хигиена од страна на пациентот.

