Мобилни протези

Mобилните протези до скоро претставуваа главно тераписко решение. Денес главно се користат во мешовита дентиција од 8-12 години.
Мобилните протези се составени од акрилатна база и жици извиткани во различен облик. Акрилатната база најчесто има и допополнителен шраф кој овозможува ширење и продуцирање на ортодотска блага сила. Со различните дизајни на базата и шрафот се постигнува соодветно делување на забите.
Мобилните протези пациентот може сам да ги става и вади, а ортодонтските сили делуваат онолку долго колку што пациентот ги носи во устата. Најчесто се носат во текот на ноќта и околу 4 часа во континуитет во слободното време кога пациентот е дома. Вообичаено мобилниот апарат не се носи кога пациентот е на школо или има некоја спортска активности. На тој начин се избегнуваат говорните и естетските мани, што им е посебно битно на пациентите од тинејџерската возраст. Поради лесното вадење и ставање се олеснува одржувањето на орална хигиена, што кај фиксните класични протези тоа е потешко.

Најголемиот недостаток на овие ортодонтски апарати е всушност можноста за вадење. Притоа пациентите не го носат мобилниот апарат доволно долго или поради евентуалната нелагодност избегнуваат да го носат. Според тоа, успехот на терапијата со овие апарати во потполност зависи од самодисциплината и совеста на пациентот.