Пендулум апарат

Пендулум апаратот се користи за поместување на горните молари наназад со што би се добил потребниот простор за сместување на преостанатите стални заби, за да би никнале во добра положба, додека истовремено се коригира и загризот.

Апаратот се состои од ортодонтски прстени кои се цементираат на првите молари, додека оклузалните жичени наслони се поставуваат во јамите од гризните површини на премоларите и истите се прицврстуваат со помош на композитни материјали. Притоа, од акрилатното тело со кое се прекрива кровот на непцето потекнува опругата која се прицврстува за цементираните прстени, и истите продуцираат притисок со кој ги поместуваат моларите наназад.

Во првите денови од терапијата пациентот може да осети благ притисок во пределот на бочните заби .