Ретејнер

Ретејнер е ортодонтски апарат кој индивидуално се дизајнира и се лепи после вадењето на фиксниот апарат за да ги задржи забите во правилна положба каде што ги наместила фиксната протеза. Кога ќе се извадат брекетите, забите имаат висока тенденција да се вратат во првобитната положба. Ретејнерот го спречува враќањето на забите и го зачувува постигнатиот резултат од терапијата.

Во зависност од стилот и начинот на живот препорачуваме мобилен или фиксен ретејнер.

Фиксниот ретејнер е тенка жица која налегнува на внатрешната површина на забите, фиксирана со композит, што и овозможува трајно да ги држи забите во постигнатата положба.

Мобилниот ретејнер (позиционер) е изработен од тенка прозрачна пластична фолија која може да се става и вади, притоа препокривајќи ги забите од сите страни.