Сафирни протези

Сафирните брекети припаѓаат на најновата и највисоката класа на естетски скоро невидливи брекети. Тие на изглед се невидливи и незабележливи прозрачни брекети кои наликувааат на ледени парченца кои се вклопувааат, односно се слевааат со бојата на забите. Најпозитивна страна им е тоа што во текот на ортодонтската терапија се константни и не ја променуваат бојата на брекетите. При апликација се лепат цврсто и брзо со специјален ортодонтски лепак.

 Изработени се од монокристален чист сафир, исклучително тврди што им овозможува триењето меѓу лакот и сафирните брекети да биде исто како и кај металните класични брекети.

 Заедно со сафирните брекети може да се користи и бел лак како бојата на забите, што ја прави терапијата со нив да биде естетски најприфатлива. Ортодонтската терапија со сафирните брекети се одвива брзо, незабележително и удобно.

Добри страни:

  • Скоро се невидливи за разлика од металните брекети.
  • Идеални се за возрасни пациенти.

Лоша страна:

  • Поскапи се за разлика од другите видови на брекети.

Карактеристики на сафирните брекети:

  • Припаѓаат на највисоката класа на естетски скоро невидливи брекети.
  • Изработени се од монокристален чист сафир.
  • Идеално се мазни и заоблени.
  • Потполно невидливи и прозрачни.
  • За разлика од конвенционалните брекети, не содржат метал.
  • Имаат камелеонски ефект и се слеваат заедно со бојата на забите.
  • Не ја променуват бојата на материјалот од храната и напитоците и ја зачувуваат естетиката до последниот ден од терапијата.
  • Ортодонтската терапија со сафирните брекети се одвива брзо, незабележително и удобно.
  • Заедно со сафирните брекети може да се користи и бел лак како бојата на забите, што ја прави терапијата со нив да биде естетски најприфатлива.