ТВИН БЛОК апарат

Идеален е кај деца со мешовита дентиција (10-14 години) кои имаат збиеност, криво поставени заби и неправилност во односот на вилицате по Angle класа II или III. Со овој апарат покрај тоа што независно се исправуваат забите и се шират двете вилици, истовремено може да се исправи и функционалниот однос на вилиците, така што се скратува времето на терапија и се избегнува додатното правење на дополнителни апарати, како би се постигнала комплетна корекција на неправилностите во загризот.