ЧПП

Најчесто поставувани прашања и одговори

Ортодонција е специјалистичка гранка на стоматологијата која се занимава со проучување на растот и развојот на забите и орофацијалната регија, дијагноза, третман и превенција на неправилностите во положбата на забите.

Првиот ортодонтски преглед треба да се направи на возраст околу 7 години. До тогаш веќе се изникнати неколку трајни заби со што може да се направи првична ортодонтска анализа.

На првиот ортодонтски преглед се разгледуваат следните околности:
• Дали постои ортодонтски проблем? Ако постои, за каква неправилност се работи?
• Што треба да се направи за да се коригира проблемот?
• Дали е потребно да се вадат некои заби?
• Колку време трае третманот?
• Колку чини ортодонтската терапија?

Збиеност на забите, неправилно голтање со тискање на јазикот према напред, предвремено губење на млечните заби, дишење на уста, итн. Сето тоа може да доведе до искривеност на забите. Втора, но и најважна улога има наследниот фактор.

• Криви заби.
• Простор помеѓу забите.
• Предвремено губење на млечни заби.
• Преклопување на забите.
• Пречки во говорот.
• Неправилно џвакање и/или голтање.
• Чкрипење и стискање со забите.

Oртодонтскиот третман може да трае од 12 – 30 месеци во зависност од специфичноста и сложеноста на ортодонтскиот проблем. Во просек околу 20 месеци. Секоја ортодонтска терапија е индивидуална. Контролите по правило се закажуваат на 4 до 6 недели.

Цената на ортодонтската терапија зависи од изборот на брекети и/или техниката на работа за исправување на забите. На закажаниот консултативен преглед ќе Ви ги објасниме финансиските можности кои би биле најповолни за Вас. Нудиме различни можности на плаќање и тоа со платежна картица, готовинско плаќање како и потпишување на договор за плаќање на повеќе рати.

• Исправените заби ќе ја подобруваат функцијата на џвакање.
• Исправените заби ќе овозможуваат полесно да се одржува орална хигиена.
• Нормален загриз.
• Поефикасно и здраво функционирање на забите и зглобот.
• Подобрен изглед на лицето и насмевката што ќе му овозможи на пациентот да ја зголеми својата самодовербата.

Првата недела после поставувањето на фиксниот апарат или после редовната ортодонтска контрола забите може да бидат почувствителни и да се чувствува минимален дискомфорт и блага нелагодност во времетраење од неколку денови. Доколку е потребно, во ретки случаеви, може да се користи аналгетик за да се елиминира болката. Генерално, носењето на фиксен апарат е безболно.

За да може точно да се разбере начинот на кој што функционираат брекетите, најпрвин треба да се разбере како се придвижуваат забите. Забите се поврзани со околната коска со помош на тенок лигамент кој што им овозможува минимални придвижувања на забите. Овој лигамент функционира како абсорбер на притисок во случај пресилно да се загризи во некој дел од устата, при што се испраќаат сигнали до мозокот за да се релаксира загризот. По истиот пинцип, поместувањето на забите за време на ортодонтската терапија настанува како резултат на делување на природни благи сили. Тој благ притисок се добива од брекетите и жичениот лак кој што го менуваме на редовните контроли. Тоа континуирано придвижување на забите, поттикнато од благите континуирани сили, резултира со поместување на забите од својата почетна положба.

Дефинитивно НЕ, годините не се важни за успехот на ортодонтската терапија. Околу 30% од нашите пациенти се возрасни лица.

Во принцип, нема проблем да се занимавате со спорт доколку веќе сте подложени на ортодонтски третман со фиксни протези или некој друг ортодонтски апарат. Но, доколку се занимавате со спорт во кој постои опасност од посилен спортски контакт, возите точак, ролери, борд, препорачуваме да се носат ЗАШТИТНИ ГУМИ со кои можете да се заштитите од несакани повреди.

Екстракциона терапија е техника на работа при кој се пристапува на вадење на поединечни стални заби, се со цел да се обезбеди доволно простор за подредување на останатите заби во забниот низ. Додека пак, кај не–екстракционата терапија потребниот простор во забните лакови се добива со нивно ширење или минимално интердентално состружување (помеѓу забите), се со цел да се добие дополнителниот простор кој е потребен за да се наредат сите заби во забниот низ.

 За може да се постави правилен план на терапија, потребно е да се направи детална дијагноза, анализа како и задолжителна рентген панорамикс снимка.

Да. Забот со коронка се придвижува исто како и забот со пломба. Кога недостасуваат заби (претходно извадени) претставува дополнителна индикација за ортодонтски третман затоа што тоа ќе помогни правилно да се поддредат преостанатите заби.

Да, пред да се започни со ортодонтската терапија потребно е да се направи панорамска рентен снимка или телерентген снимка (доколку е потребно). Врз основа на рентгенските снимки може да се види ситуацијата во коската што ќе помогне да се постави индивидуалната дијагноза за да може понатаму да се дефинира правилен ортодонтски план за лечење.

Апсолутно да. Редовните контроли кај вашиот општ матичен стоматолог се многу важни за време на ортодонтската терапија. Препорачуваме контролите да се прават на секои 6 месеци се со цел да се поправат забите доколку има кариес, забен камен и слично.

Во некои случаеви е потребно да се носат дополнителни ортодонтски елементи, како што се: интермаксиларни ластичина (помеѓу двете вилици), транс-палатинален лак, мини-импланти, апарат за ширење на непцето, итн. За се она што дополнително е потребно да се носи ќе бидете известени уште на првата консултативна средба.

Откако перфектно ќе се исправат сите заби и ќе се постигне совршена насмевка, фиксниот апаратот се отстранува. Тоа е среќен ден за секого, но тоа не и е крај на терапијата. Бидејќи забите се живи органи и целиот нивни живот се подложни на движење, затоа тие треба да се зачуваат во онаа положба која е постигната со фиксниот апарат. За да се задржат забите во својата коригирана положба задолжително треба да се носат ретенциони апарати. Тие можат да бидат фиксни или мобилни. Фиксниот ретенционен апарат е тенка жица која се лепи на внатрешната површина од предни 6 заби (од три до три). Додека пак, мобилниот ретенционен апарат (позиционер) се изработува од тенка пластична фолија која е целосно транспарентна и истата се носи исклучиво ноќе во комбинација со фиксниот ретејнер, заради постигнување на двојна протекција. Ретенционите апарати се изработуваат во истиот ден откако ќе се извадат фиксните протези. Тие ќе гарантираат дека забите ќе се задржат трајно во правилната коригирана положба.

Одговорот е -Не. Забите би се оштетиле само доколку нередовно и неправилно се одржува орална хигиена. Дамки или флеки би се појавиле доколку се конзумира храна и напитоци кои ги оштетуваат забите со својот состав.

Нашиот тим ќе ви даде инструкции кој тип на храна треба да се избегнува. На пример: треба да се избегнува храна богата со многу шеќер, леплива храна (на пр. карамели, гумени бонбони, мастики), тврда храна (на пр. тврди бонбони, јаткасти производи, коцки мраз и сл.), исто така, треба да се избегнува одгризување на сиров зеленчук и овошје – тие треба прво да се исецкаат на поситни парчина. Треба да се биде внимателен со храната која би можела да се заглави помеѓу забите и брекетите (на пр. пуканки, чипс, итн).

BE INVISIBLE системот овозможува дигитален приказ од движењето на забите преку 3D симулација со иновативната 3D технологијата на CAD- CAM. На виртуелниот дигитален приказ може да го видите крајниот резултат од терапијата со проѕирните исправувачи и пред официјално да се започни со ортодонтскиот третман. Преку BE INVISIBLE системот се изработуваат сет од пластични, скоро невидливи исправувачи со индивидуална перскрипција, програмирани така да вршат контролиран благ притисок на забите со кој ги придвижуваат забите до конечната исправена положба.

Препорачуваме носењето на овој тип на протеза да биде околу 20-22 часа на ден, со што би имале подобри резултати. Проѕирните исправувачи не се носат само кога се мијат забите и додека се јади. Секоја втора недела, во зависност од типот на аномалијата, фолијата која се носи се заменува со наредната фолија од BE INVISIBLE сетот на проѕирни исправувачи.