Чувари на простор

Чувар на простор е едноставен ортодонтски апарат кој се користи за да се сочува просторот за неизникнатите стални заби во забниот низ. Посебно се користи кај деца кои предвреме изгубиле млечен заб пред сталниот заб да биде спремен да излезе. Ако млечниот заб е изваден предвреме, соседниот заб може да се помести кон празниот простор и да го завземе просторот за сталниот заб кој треба да изникне, така што, сталниот заб останува заробен во вилицата или излегува надвор од своето проектирано место во забниот низ.

Кога повеќе заби се спремни да никнат во исто време, доколку дојде до губиток на просторот, нема да има доволно место за сите правилно да се сместат во забниот низ. За да се превенира овој проблем, ортодонтот го препорачува овај апарат се со цел да се сочува просторот кој се појавил како последица на предвремено вадење на млечните заби.