За нас

Специјалистичката ординација по ортодонција “ТАНАТАРЕЦ“ функционира како центар за современа ортодонција и лицева естетика.

Нашите ортодонтски услуги ги нудиме во потполно современ и модерен амбиент, применувајќи ги најновите сознанија од областа на ортодонцијата. Нудиме најширок асортиман на професионални ортодонтски услуги за исправување на забите, коригирање на односот на вилиците и неправилните орални функции.

Кај нас, главен акцент е поставен на услугите од ортодонтската дејност кои се изведуваат на највисоко ниво, со единствена цел да креираме убави, здрави и самоуверени насмевки кои ќе траат засекогаш.

Ние ги користиме најновите, најсигурни и најбезболни техники на работа кои модерната ортодонција може да ги понуди, се со цел да ги исправиме кривите заби и да постигнеме што поприродна трансформација на нарушените џвакални функциии и целокупниот лицев изглед, за што е можно пократко време. Секоја фаза од терапијата се изведува со посебна грижа, посветеност за деталите, користејќи ја напредната технологија и материјали од најсовремени светски произведувачи, како и примена на најефикасните методи за работа.

Нашата главна цел и пристап на работа е современата ортодонција, базирана на модерните постулати за работа кои ја трансформираат ортодонцијата во уметност за креирање на здрави и убави насмевки!

Подарете ни ја нам Вашата доверба. Бидете и Вие дел од многуте задоволни пациенти кои веќе ги искористиле услугите на нашата ординација.

Нашите предности:

  • Примена на современа ортодонција со најнови, најсигурни и најбезболни техники на работа кои модерната ортодонција ги нуди.
  • Д-р ТАНАТАРЕЦ е еден од ретките ортодонти во државата кој ги има совладано сите ортодонтски техники и активно ги применува во својата пракса.
  • Висока ефективност на терапијата. Широки насмевки кои траат засекогаш со перфектно исправени заби.
  • Имплементација на најнова технологија и опрема.
  • Постојано усовршување на професионалните вештини.
  • Д-р ТАНАТАРЕЦ е целосно е посветен на дизајнот, конструкцијата и припремата на апаратите во сите фази, од техника до клиничка пракса - што го прави комплетен ортодонт.
  • Употреба на најсовремен мекоткивен Sirona ласер кој нуди ласерски третман на гингивата, ресичката на усните, експозиција на импактирани (скриени) заби, како и ласерско белеење на забите.
  • Високи стандарди на хигиенска контрола - Ние сме бескомпромисни кога станува збор за квалитетот на нашата стерилизација и хигиенските услови. Користиме најсовремена опрема за стерилизација се со цел пациентите да бидат максимално заштитени.