Mиофункционален апарат (трејнер)

Mиофункционалните апарати (трејнери) ги потикнуваат пациентите правилно да џвакаат, користејќи ги виличните мускули, така што се воспоставува правилна положба на јазикот при голтање, истовремено потикнувајќи го и правилното дишење низ нос и сл. Истражувањата покажуваат дека со правилниот начин на изведување на овие функции позитивно се влијае на правилниот раст и развој на вилиците.

Постојат миофункционални апарати (трејнери) за млечна дентиција, рана и касна мешовита дентиција, како и посебен миофункционален апарат (трејнер) кој се користи во комбинација со фиксни протези.

Сите трејнери помагаат да се воспостави нормален однос на горната и долната вилица, односно да се постигне што поадекватно функционирање на мускулите. Трејнерите ги коригираат сиромашните орални навики, ги зацврстуваат забите, го оптимизираат развој на лицето и промовираат здрави навики на јадење.

Како се постигнува тоа?

  • Преку дишење низ нос.
  • Правилна позиција на јазикот при мирување.
  • Правилно голтање.
  • Допир помеѓу усните во мирување.