Tранс-палатинален лак

Транс-палатиналниот лак се користи со цел за задржување на горните молари на своето место и/или може да биде потпора за да се стабилизира положбата на овие заби за време на поместувањето на другите заби. Исто така, може да се користи за да ги ротира моларите во идеална положба се со цел да се подобри загризот.

Транс-палатиналниот лак се состои од ортодонтски прстени кои се цементираат на бочните заби (обично први молари) и заоблен жичен лак кој се протега преку непцето, одстојува од него и не го допира.