Метални класични протези

Поголем процент од популацијата (75%) не се родени со атрактивна насмевка, прави заби и правилен загриз. Поради тоа се јавува потребата од носење на класични метални протези со што би постигнала убава насмевка и правилен загриз. Овој тип на протези се индицирани кај пациенти од сите возрасти, но најповолен период за отпочнување на терапија со нив е тинејџерската возраст.
Металните класични протези претставуваат стандарден избор во ортодонцијата. Тие се најпопуларниот тип на протези кои што се користат насекаде низ светот. Исклучително се популарни, посебно кај младата тинејџерска популација. Со нивна помош можеме да ги исправиме забите и да постигнеме убава насмевка.

Класичните метални брекети се изработуваат од нерѓосувачка челична легура која што не предизвикува алергија. Металните брекети се лепат – фиксираат на предната површина на забите со специјален ортодонтски лепак, точно позиционирани на секој заб поединечно, така што фиксниот метален апарат делува постојано како една целина во текот на терапијата. Класичната ортодонтската терапија вклучува метални брекети, туби и метален лак. Металната жица е прицврстена со еластични лигатури во внатрешноста (слотот) од секоја метална брикета и ги поместува сите заедно, исправувајќи ги забите и на тој начин корегирајќи го загризот. Контролите кај овој класичен тип на протези се на секои 4-6 недели во времетраење од 10-20 мин.
Зошто да се одлучите за метални класични протези?
Доколку се одлучите за метални протези како избор за вашиот ортодонтски третман ние ќе ви обезбедуваме најкомфорни, ефикасни и технолошки најнапредни метални брекети.
Кај нив можеме да си поигруваме со боите на еластичните гумички, кои се менуваат на секоја редовна месечна контрола. Многу пациенти, заради личен израз и забава сакаат да имаат различни бои на гумички околу нивните метални брекети. На тој начин во потполност креираме нов и интересен изглед на протезата во склад со желбата на пациентот.
Колку долго трае терапијата со металните брекети?

Предности и информации за металните протези:
- Поевтини се во однос на другите типови на фиксни апарати.
- Претставуваат најефективен метод за исправување на забите.
- Терапијата со нив трае пократко отколку со естетските брекети.
- Третманот е побрз и побезболен со конвенционалните фиксни апарати.
- Изработени се од нерѓосувачки челик кој е антиалергиски.
- Металните брекети од поновата генерација се избработуваат од ефикасни и технолошко напредни материјали.
- Имаат голема цврстина и тешко можат да се скршат.
- Потемните гумички кои се поставуваат околу металните брекети не се пребојуваат брзо, а кај самолигирачките брекети нема воопшто пребојување, бидејќи кај нив не се користат гумички.
- Металните брекети и металниот лак формираат идеален метален комплекс кој овозможува движење на забите во посакуваната насока.
Недостатоци на металните класични протези:
- Не се дискретни како што се естетските транспарентни брекети.
- На почетокот од терапијата се помалку удобни за носење.
- Го иритираат непцето повеќе во однос на порцеланските брекети.
- Со нив имаме поголеми рестрикции во исхраната. Треба да се внимава на одреден тип на храна.