Ненсов апарат

Ненсов апарат се користи за задржување на горните молари на своето место и/или да се стабилизира положбата на овие заби за време на поместувањето на другите заби. Може, исто така, да се користи за да ги ротира моларите во идеална положба, се со цел да се подобри загризот.

Ненсовиот апарат се состои од ортодонтски прстени кои се цементираат на бочните заби (обично први молари) и извиткан жичен лак кој се простира од прстените и завршува во акрилатен дел (акрилатно перниче) во предниот дел од непцетo.