спец. д-р Иван Танатарец

Дипломирал на стоматолошкиот факултет “Св. Кирил и Методиј” Скопје во 2011 година. Специјалистичкиот испит го положил 2017 година и се стекнал со звање специјалист – ортодонт. Веќе неколку години активно работи како ортодонт во Македонија и како визитинг ортодонт во соседните држави.

 Своето континуирано стручно надоградување го продолжува пред и после специјализацијата со редовно присуство на разни домашни и меѓународни симпозиуми, конгреси и работилници по ортодонција, на кои активно учествува со свои трудови и предавања.

 Покажува постојан стремеж за збогатување на својата стручна дејност преку постојано едуцирање во странство кај најпознати светски ортодонти. На тој начин се запознава со најсовремените техники во ортодонцијата и тоа: Damon систем, лингвален систем, Six Month Smile, техника на исправување на забите со проѕирни исправувачи (алајнери) и.т.н. Еден од нив, Six Month Smile системот, за прв пат го воведува во нашата земја.

 Д-р Танатарец е еден од ретките ортодонти во државата кој ги има совладано сите ортодонтски техники и активно ги применува во својата пракса. Тој е целосно посветен на дизајнот, конструкцијата и припремата на апаратите во сите фази, од техника до клиничка пракса – што го прави комплетен ортодонт.

 Одлично и активно зборува англиски, српско-хрватски и бугарски. Има долгогодишно работно искуство и комуникација со пациенти и на албански јазик.