SIX MONTH SMILES
ДИСКРЕТЕН И БРЗ НАЧИН ЗА ИСПРАВУВАЊЕ НА ЗАБИТЕ
Дали сте задоволни со Вашата насмевка? Имате недостаток на самодоверба?
Можеби некогаш сте помислиле да носите некој фиксен ортодонтски апарат, но поимот ортодонција скоро секогаш Ве асоцира на уста полна со метал и подолго времетраење на терапијата. Но сега постои решение за Вас! Поволно и прилагодливо од секој аспект.
Six Month Smiles е револуционерна комбинација на современа ортодонтска техника, модерни материјали и иновативни методи кои резултираат со нежно и правилно поместување на забите во посакуваната положба со времетраење на терапијата од само 6-9 месеци!
Овој систем се состои од прозрачни брекети кои се рефлектираат и прилагодуваат на бојата на забите и скоро се невидливи и многу удобни.
Six Month Smiles е револуционерен естетски сет на брекети фокусиран на исправување на ортодонтските малооклузии – неправилности во положбата на забите кои се од естетска природа. Терапијата е краткотрајна и фокусирана на корекција и исправување на предните заби кои се гледаат за време на насмевката. Со овој тип на протези може да се решаваат и некои проблеми поврзани со загризот (на пример длабок загриз, отворен загриз ) со само неколку месеци продолжување на терапијата.

Кои се предностите на Six Month Smiles протезата во однос на класичните протези?
- Six Month Smiles брекетите се прозрачни и ја рефлектираат бојата на забите, едноставно се невидливи. Лаковите се со бела боја како и забите.
- Времетраењето на терапијата е само 6 месеци, а кај потешки случаи може и до 9 месеци.
- Поефтини се од современите системи на проѕирни исправувачи: алајнери и протетските изработки со ламинати или циркониумски коронки.
- Нивното поставување и адаптирање е брзо и удобно.
- Финалните резултати се предвидливи.
- Делуваат со благи и нежни сили, кои заедно со пократкото време на терапијата ги прави поудобни за пациентите и полесни за одржување на оралната хигиена.