Лингвални (внатрешни) протези

Што е лингвална ортодонција?
Ортодонцијата претставува најкомплексна специјалност во областа на стоматологијата, а лингвалната ортодонција е нејзиниот уметнички дел. Лингвалната ортодонција е делот од ортодонцијата кој е фокусиран на исправување на лошо подредените заби со помош на фиксен апарат (протеза) кој се лепи на внатрешната страна на забите. Таа е единствена техника која со потполно невидлив пристап постигнува правилна корекција на кривите заби, и токму поради сето тоа овој тип на протези уште се нарекуваат невидливи (лингвални) протези. Навистина е потполно невидлива фиксна техника на ортодонтското лекување!
Овој посебен метод на работа во себе интегрира точни математички геометриски параметри на лицето и вилиците, прецизно позиционирање на брекетите на забите при лепење како и уметност на ортодонтот да постави и извитка индивидуална жица. Водењето на ваков вид на терапија е предводен од поискусен ортодонт кој се одликува со прецизност, многу трпение и соодветна стручна обука за работа со ваков вид на внатрешни протези. Токму поради овие карактеристики и поголемата комплексност на оваа техника – мал е бројот на ортодонти кои активно ја користат во праксата со пациенти.
Лингвалните протези се погодни за пациенти од сите возрасти, а посебно идеални се за оние кои не сакаат да имаат видлива фиксна протеза.

Сите делови на протезата се наоѓаат од внатрешната страна на забите и токму ова е одлучувачкиот фактор поради кој што оваа техника е првиот избор на возрасните пациенти. Притоа секојдневно може да се прати напредокот во исправувањето на забите. Со тоа се постигнува и дополнителен позитивен психолошки ефект. Во споредба со класичните брекети ортодонтската терапијата со лингвалните брекети може да трае и пократко. Лингвалниот апарат понекогаш знае да предизвикува благи пречки во говорот, но кај поголем број од пациенти тие благи пречки се губат и надминуваат за брзо време (околу една недела).
Вашата насмевка е најмоќното оружје кое го поседувате! Пациентите со неправилно подредени заби се помалку насмеани и имаат намалена самодоверба. Благодарение на ортодонтската терапија со лингвални протези и нивните трајни ефекти, вашата самодоверба се зголемува. Дури и за време на терапијата резултатите постануваат јасно видливи и насмевката почнува да изгледа се подобра.
Се проценува дека 90% од возрасните пациенти можат да си дозволат ваков вид на ортодонтска терапија, но нажалост не се сите информирани за лингвалната техника која ќе им го реши проблемот со забите и насмевката во нивните години. Голем процент од нашите пациенти се на возраст од 20 – 40 години. Со помош на усовршената технологија, терапијата кај повозрасните пациенти се одвива значително полесно, пократко и поуспешно. Лингвалната ортодонција не е само одреден тип на ортодонтска терапија, туку тоа е добра доживотна инвестиција!
Ако забите се неправилно распоредени тогаш тие ќе влијаат и на хармоничниот изглед на лицето. Да, лингвалните протези со нивната ефикасност делуваат на решавање на малооклузијата (неправилноста во загризот) и предизвикуваат позитивни промени на комплетниот изглед на лицето! Забите, со својот правилен распоред не само што овозможуваат правилен загриз, функционалност на виличниот зглоб туку прават и лицето да биде многу попривлечно. Линвалните протези се подеднакво ефикасни како и класичните протези, а нивната предност е тоа додека забите ја постигнуваат правилната положба тие промени се гледаат и забележуваат секојдневно.
Тоа е идивидуално. Најчесто се чувствува минимален дискомфор – нелагодност кој е сличен како оној кај металнните класични протези. Разликата е во тоа што лингвалната протеза е во контакт со јазикот, додека кај класичните метални протези контактот е со усните и образите. Јазикот се навикнува после неколку денови, а евентуалното шушкање се губи за краток временски период (околу една недела).
Лимит во години не постои! Многу често пациентите велат: “Jaс сум престар/а за тоа”, меѓутоа тоа апсолутно не е вистина. Дури и пациентите во 6та деценија од својот живот можат да носат протеза.
Да, поголемот број на тинејџери и возрасната група на пациенти. Исклучок може да постои само кај пациенти со исклучително ситни и специфични заби, како и ретка комбинација на малооклузија (изразено длабок загриз, изразени неправилности во загризот итн.)
Во споредба со класичните брекети ортодонтската терапијата со лингвалните брекети понекогаш може да трае и пократко.
Да. Внатрешната страна на забите е помалку подложна на декалцификација и настанување на кариес, со тоа поставениот апарат на забите од внатрешната страна е помалку подложен на било какви оштетувања. Од внатрешна страна е и помала веројатноста да настане трајно оштетување на забот. Друга предност е пристапноста и полната слобода за правилно одржување на орална хигиена на забите од предната страна.
Како и обично, неопходно е редовно и правилно одржување на хигиената на забите. Тоа вклучува четкање на забите после секој оброк. Со тоа се спречува и намалува ризикот од настанување на кариес.
Предности и информации за лингвалните протези:
- Подеднакво се ефикасни како и класичните фиксни протези. Но за разлика од нив, лингвалните протези се во потполност невидливи.
- Во споредба со класичните брекети ортодонтската терапијата со лингвалните брекети понекогаш трае и пократко.
- Антиалергиски се.
- Поголем број од пациентите можат да носат лингвални протези.
- Во текот на терапијата со лингвалните протези одржувањето на оралната хигиена не се се разликува од таа кога нема протези, но бара внимателно и посветено четкање.
- Лингвалните брекети можат да бидат универзални со 2D технологија или индивидуално изработени со 3D технологија засебно за секој пациент.
- Екстремно се прецизни.
- Посебно се препорачуваат кај пациенти каде што BE INVISIBLE технологијата и прозирните исправувачи не се во можност да ја исправат малооклузијата.
Недостатоци на лингвалните протези:
- Важно е да се знае дека при ставањето на лингвалните протези прилагодливоста на нив е минимално потешка и трае околу една недела до 10 дена.
- Лингвалните протези го стеснуваат просторот за јазикот, јазикот е многу осетлив, при што треба да се внимава на неговото тискање во брекетите, бидејќи може да настане негово минимално дразнење.
- Минимални благи пречки во говорот на кои пациентот брзо се адаптира.
- Не се идицирани кај пациенти со исклучително ситни и специфични заби и ретка комбинација на малооклузии.
- Линвгалните брекети важат за поскап тип на систем за исправување на забите.