Сафирни протези

Сафирните брекети припаѓаат на најновата и највисоката класа на естетски скоро невидливи брекети. Тие на изглед се невидливи и незабележливи прозрачни брекети кои наликувааат на ледени парченца кои се вклопувааат, односно се слевааат со бојата на забите. Најпозитивна страна им е тоа што во текот на ортодонтската терапија се константни и не ја променуваат бојата на брекетите. При апликација се лепат цврсто и брзо со специјален ортодонтски лепак.
Изработени се од монокристален чист сафир, исклучително тврди што им овозможува триењето меѓу лакот и сафирните брекети да биде исто како и кај металните класични брекети.
Заедно со сафирните брекети може да се користи и бел лак како бојата на забите, што ја прави терапијата со нив да биде естетски најприфатлива. Ортодонтската терапија со сафирните брекети се одвива брзо, незабележително и удобно.
Добри страни:
- Скоро се невидливи за разлика од металните брекети.
- Идеални се за возрасни пациенти.
Лоша страна:
- Поскапи се за разлика од другите видови на брекети.
Карактеристики на сафирните брекети:
- Припаѓаат на највисоката класа на естетски скоро невидливи брекети.
- Изработени се од монокристален чист сафир.
- Идеално се мазни и заоблени.
- Потполно невидливи и прозрачни.
- За разлика од конвенционалните брекети, не содржат метал.
- Имаат камелеонски ефект и се слеваат заедно со бојата на забите.
- Не ја променуват бојата на материјалот од храната и напитоците и ја зачувуваат естетиката до последниот ден од терапијата.
- Ортодонтската терапија со сафирните брекети се одвива брзо, незабележително и удобно.
- Заедно со сафирните брекети може да се користи и бел лак како бојата на забите, што ја прави терапијата со нив да биде естетски најприфатлива.