Проѕирни Исправувачи - Алајнери

Што претставуваат проѕирните фолии за исправување на забите?

Проѕирните исправувачи или иновативниот CAD-CAM (компјутерски) систем за ортодонтско исправување на забите со проѕирни фолии претставува најнова технологија во ортодонцијата за брзо и скоро невидливо исправување на забите.

Фолиите кои се користат се прозрачни, лесни, не иритираат и брзо делуваат. Тие се идеално решение за искривените заби во фронтот и неправилниот загриз. Овие фолии направени се од цврста потенка пластика и скоро воопшто не се гледаат. Можат да се носат секаде и секогаш неприметно, затоа што се скоро невидливи. Ефектот за исправување на забите е толку многу брз и ќе бидете воодушевени!

Проѕирните фолии за исправување на забите се изработуваат од тeнок и прозрачен медицински полиуретан. Тоа е еден вид на пластика којa што е леснa и воопшто не се чуствува на забите. За разлика од фиксните ортодонтски протези кои можат да предизвикат еден вид на нелагодност кај пациентите, фолиите за исправување на забите се исклучително удобни за носење.

Проѕирните исправувачи се иделно решение при мали неправилности во распоредот на забите, таму каде што има поголем простор помеѓу забите, ротација, збиеност и слично.

Како се користат проѕирните исправувачи за заби?

 Веднаш после клиничкиот преглед ортодонтот прави дигитални фотографии и  зема отпечатоци од забите. Отпечатоците се излеваат и се добиваат студиски модели кои потоа се скенираат и во 3Д формат се импортираат во софтвер за таа намена. Во 3D софтверот се прави детална анализа на положбата на забите, симулација на поместувањето на забите и тие се поместуваат во посакуваната положба како би се одредил потребниот број на фолии за исправување на забите. Откако ќе се направи комплетна компјутерска 3D анализа, се одредува колкав број на фолии ќе бидат потребни за комплетно исправување на забите. На крај, фолиите се изработуваат по одредени прецизни мерки.

Потребниот број на фолии се испорачува за брзо времe и истите се користат според зададено упатство за нивно користење. Ова е идеална можност за ортодонтски третман на сите оние кои не живеат во близина и не се во можност често да доаѓаат на контроли.

Евентуалните клинички припреми на забите за фолиите се минимални. Главно во прашање е минимално интердентално (помеѓу забите) состружување доколку е потребно.

Овие фолии се носат најмалку 20 часа во текот на денот, се вадат само за јадење или конзумирање на топли напитоци. Секоја поединечна фолија се менува за 7 – 14 дена во консултација со ортодонт.

Проѕирните исправувачи предизвикуваат лесен притисок врз забите и ги поместуваат за 0.25 – 0.3 мм. Секоја наредна фолија ги поместува забите уште повеќе се додека не се доведат во посакуваната правилна положба.

Терапијата се одвива во 1-3 клинички фази зависно од тежината на аномалијата. Секоја фаза се состои од сет 4-10 фолии. Последната фолија за исправување на забите, после терапијата се носи само ноќе со што се исклучила можноста од повторно враќање на забите во неправилната положба или како алтернатива се поставува жичен внатрешен ретејнер со цел зачувување на постигнатите резултати.

Предности:

  • Проѕирни се, лесни, тенки и удобни за носење. Не предизвикуваат било какви тегоби.
  • Третманот трае пократко, така што проѕирните исправувачи представуваат идеално решение за исправувањето на вашите заби.
  • Лесно се ставаат и се вадаат, не предизвикуваат пречки во говорот и не е потребна претходна припрема на забите.
  • Пред јадење лесно се вадат, лесно се одржува хигиената, што ги прави максимално удобни, а истовремено е намалена можноста за појава на забен кариес, забен камен и воспаление на слузокожата.
  • Не се потребни чести контроли, доволно е да се промени носената фолија со следна според бројот со динамика зададена според упатство од страна на вашиот ортодонт.
  • Сите направени фолии за исправување можете да ги добиете веднаш, вклучувајќи го и упатството за начинот на нивното користење доколку живеете надвор од државата.
  • Иновативна технологија базирана на богато искуство.
  • Крајниот исход од терапијата може да се види уште пред почетокот на терапијата.
  • Дигиталната изработка овозможува прецизна корекција.

Минимални недостатоци:

  • Индикација за нивно користење е единствено кај поедноставни случаеви со помали неправилности во положбата на забите и загризот.
  • Понекогаш може да е потребно минимално прилагодување на забите - интердентално (помеѓу забите) состружување.