ИДЕАЛНИ ЗА:

ИНДИКАЦИИ:

ПРЕДНОСТИ:

НЕДОСТАТОЦИ:

Метални (класични) Протези

Сите возрасти (деца, тинејџери и возрасни).

Сите неправилности во загризот и положбата на забите (збиеност, растреситост, обратен преклоп, протрузија, вкрстен загриз, ектопија, и.т.н).

  • Поевтини се во однос на другите типови на протези.
  • Најефективен метод за исправување на забите.
  • Имаат голема цврстина и тешко можат да се скршат.
  • Третманот е побрз и побезболен со металните протези.
  • Не се дискретни како што се естетските брекети.
  • Го иритираат непцето повеќе во однос на другите брекети.
  • На почетокот од терапијата се помалку удобни за носење

Сафирни Протези

Сите возрасти (деца, тинејџери и возрасни).

Сите неправилности во загризот и положбата на забите (збиеност, растреситост, обратен преклоп, протрузија, вкрстен загриз, ектопија, и.т.н).

  • Скоро се невидливи за разлика од металните брекети.
  • Највисока класа на естетски прозрачни брекети.
  • Имаат камелеонски ефект и се слеваат заедно со бојата на забите.
  • Изработени се од монокристален чист сафир.
  • Поскапи се за разлика од металните протези.

Damon Протези

Сите возрасти (деца, тинејџери и возрасни). Посебно идеални се за пациенти од странство со помал број на контроли (3-4 пати годишно).

Сите неправилности во загризот и положбата на забите (збиеност, растреситост, обратен преклоп, протрузија, вкрстен загриз, ектопија, и.т.н).

  • Без вадење на здрави заби!
  • Многу пократко време на терапија.
  • Поретки контроли на 2-4 месеци.
  • Исклучителни резултати со неверојатни широки насмевки.
  • Естетски ефект со DAMON CLEAR!
  • Поскапи се за разлика од другите типови на протези.
  • Не се дискретни како што се естетските брекети.

Лингвални Протези

Тинејџери и возрасни пациенти.

Повеќето неправилности во загризот и положбата на забите (збиеност, растреситост, обратен преклоп, протрузија, вкрстен загриз, ектопија, и.т.н).

  • Се лепат од внатрешната страна на забите.
  • Потполно се невидливи за разлика на другите типови на протези.
  • Полесно се одржува оралната хигиена.
  • Понекогаш терапијата со нив трае побрзо и пократко.
  • Поскапи се за разлика од букалните (предни) металните протези.
  • Прилагодливоста на нив е минимално потешка и трае околу една недела.
  • Минимални пречки во говорот на кои пациентите брзо се адаптираат.

Six Month Smiles

Тинејџери и возрасни пациенти.

Поблаги неправилности во загризот и положбата на забите (збиеност, растреситост, обратен преклоп на поединечни заби и.т.н).

  • Времетраењето на терапијата е само 6 месеци, а кај потешки случаи може и до 9 месеци.
  • Six Month Smiles брекетите се прозрачни и најестетски.
  • Лаковите се со бела боја како и забите.
  • Финалните резултати се предвидливи.
  • Поскапи се за разлика од конвенционалните типови на протези.

Проѕирни Исправувачи

Тинејџери и возрасни пациенти. Посебно идеални се за пациенти од странство со помал број на контроли (1-2 пати годишно).

Повеќето неправилности во загризот и положбата на забите (збиеност, растреситост, протрузија, обратен преклоп или вкрстен загриз на неколку заби, и.т.н).

  • Исправување на забите без брекети и без жици.
  • Фолиите се скоро невидливи
  • Побрзо време на терапија
  • Не се потребни чести контроли (1-2 пати годишно).
  • Финалните резултати се предвидливи.
  • Индикација единствено кај поедноставни случаеви со помали неправилности во положбата на забите и загризот.
  • Најскап систем за исправување на забите.